Многу жители на Лондон се подготвени да пробаат сладолед со необичен вкус – кечап и мајонез, за да се справат со високите температури кои годинава ги надминаа рекордните вредности.
Низ светот се познати најразновидните вкусови на сладолед, од мастило од сипа до компир, со активен јаглен, како и корнет, црн, пченка, говедски отпадоци, сланина, пиво, ракија, канабис, коњско месо , маснотии од ирваси, кравји јазик, но и кавијар, па дојде време за вкус на грав.
Најновиот проект на британските производители на сладолед за најжешкото лето се состои од низа нетрадиционални вкусови кои, како што пишуваат британските и американските медиуми, можете да ги најдете во шпајз наместо во фрижидер за сладолед, а освен тоа „Мајонез и кечап Heinz“, тука е и вкусот на тавче гравче.
Сладоледите се создадени од Ања Хиндмаш, која за главните состојки користела некои од најбараните зачини и готови оброци.
Клиентите беа возбудени да пробаат необични вкусови на сладолед, спакувани во традиционални пакувања, со оригиналниот бренд на кечап и мајонез.
– Дојдовме рано утрово, бевме возбудени кога слушнавме и моравме да дојдеме да ги пробаме сите овие неверојатни вкусови, вели клиент.
– Мислам дека најчудното е веројатно кечапот и тавче гравче. Тоа е најнеобичното нешто што некогаш сте можеле да го замислите.
Овој храбар кондиторски проект се планира да трае до 28 август, а еден од вработените нагласува дека за само четири дена ги продале залихите планирани за шест недели и веќе имаат редовни клиенти.
Ketchup and mayo-flavored ice creams, anyone? Londoners basking under the hottest ever summer are getting the chance to sample a range of rather unusual ice cream flavors pic.twitter.com/45Br6eGKBs
— Reuters (@Reuters) August 6, 2022