Преку музичка реклама за нашиот туристички бисер Охрид, Петар Ренџов и неговите „Тумбао салса бенд“ ја промовираат новата песна „Triple love for Kaneo“.
Ведрата, ритмична мелодија со латино ритам веќе се врти на радијата во земјава, а интересниот спот, што го реалзираше „ИнТек систем“ е вистинска разгледница за преубавиот Охрид.
– Ова е новата песна на Тумбао Салса Бенд. Песната „Triple love for Kaneo“ содржи два македонски збора „црвено вино“ и „Канео“ во Охрид кои даваат значење за Македонија, порача Ренџов на неговиот профил на Фејсбук.
Мартина Авросиевска, со својот глас, но и со флејтата, одлично ја долови ведрината на текстот, за што придонесоа сите членови на бендот.
Ренџов вели дека песната е наменета за музичките платформи со стриминг сервис за Латинска Америка, а во себе ја носи разгледницата за Охрид.
На видеото за песната работеше и охридска екипа, предводена од познатиот режисер Илија Пиперкоски.
фото:Jutjub printskrin