Радио Милева Целта постигната

„Лошо, зошто носиш перика?“: Лила се дотера за на свадба, па посака само да биде видена, макар и не им се допаднала на сите (фото)

„Лошо, зошто носиш перика?“: Лила се дотера за на свадба, па посака само да биде видена, макар и не им се допаднала на сите (фото)

Ред одмор, ред свадбена прослава, Лила Филиповска го минува летото како што е ред и како и секоја година за неа.

Оваа 2022-ра за познатата водителка се разликува по тоа што е поканета како гостинка на повеќе свадбени прослави, а таа како вистинска дама мора да се дотера во вистинско светло како што и прилега на една позната гостинка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Овој пат се одлучи за црна тоалета со детали од златни синџири, силна шминка и пуштена коса, а за стајлингот таа се заблагодари на нејзините долгогодишни соработници, модната куќа „Елена Лука“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

-Kај свадбата најмногу сакам да не е моја. Ама сакам да се забавувам и да посакам само убавини на тие што ја прават. И секако да се дотерам …и овојпат @elenaluka_private ме дотера а јас се сликав да видите како изгледав. Ако ви се свиѓа лајкнете мада и не морате, битно е да ме видите …. Да се среќни младенците, напиша Лила во свој стил, а по објавеното го доби и тоа што го посака – да ја видат и да коментираат.

Од реакциите преовладуваа такви на кои не им се доападна, на едни изборот на фустан, на други фризурата, односно периката како што велат, а на трети пак шминката.

„Перика катастрофа“, „Првпат лошо облечна“, „Имаше убава коса, зошто перика ставаш?“… Гласат само мал дел од коментарите кои се најдоа под објавата.

Вака или така, добро позната е и онаа дека се’ е работа на вкус, така што веруваме дека за Лила низ сите овие години јавна работа, веќе и е јасно дека не може да се допаѓа секому, затоа и кажа важно е само да ја видат, односно „да се крене прашината“!

фото: Инстаграм/Лила Филиповска

To top