ОВЕН
Имате големи шанси да ги реализирате плановите од кои сте кренале раце. Добивката е сигурна, а некои вложени пари од кои веќе сте се откажале може да ви бидат вратени. Пред да ги вложите во нешто, направете добра пресметка.
БИК
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако е со цел повисок интерес, не е страшно понекогаш да се поднесувате.
БЛИЗНАЦИ
Амбициозни сте, па денот го започнувате со грандиозни планови. Ловете ја секоја можност повторно да се наметнете во средината каде што работите. Напорот ќе биде награден, но истовремено ќе стекнете нови непријатели кои ќе ви застанат на патот.
РАК
Прифатете ја поканата на пријател и излезете. Заборавете на работата и обврските, неколкучасовното дружење ќе ве натера да се преродите. Доколку немате партнер, тоа е идеален момент за ново познанство кое може да прерасне во интересна романса.
ЛАВ
Навидум мирен ден може да се претвори во фијаско, особено ако се обидете да импровизирате нешто што не треба да го правите. Моќта на справување во новите ситуации е одлика на паметните луѓе, но не е крај на светот дури и ако понекогаш се откажете.
ДЕВИЦА
Изложени сте на ризик да бидете повредени. Вистинската причина за тоа е потиснатиот гнев, кој може да ве доведе до ситуација да направите превид и да предизвикате поголема штета. Исто така, избегнувајте службеници, како и луѓе во униформи.
ВАГА
Не започнувајте нов бизнис. Поради недостиг на концентрација, би можеле да направите грешки поради кои ќе се занимавате со поправање на она што сте го направиле во наредниот период. Искористете го денот за дружење со некои запоставени пријатели и семејство.
ШКОРПЈА
Отвореното соочување со луѓе кои се над вас во однос на статусот може дополнително да ги искомплицира веќе затегнатите односи кои не можете да ги решите. Не е важно дали сте во право, само држете се до својата работа и задржете го вашето мислење за себе.
Стрелец
Денот го започнувате полни со енергија. Невообичаено сте креативни и самодовербата се заканува да се претвори во ароганција. Контролирајте ја вашата еуфорија бидејќи кога ќе се одлучи нешто важно, ќе ви треба мислење од луѓе кои не ги почитувате сега.
ЈАРЕЦ
Време е да се вклучите во активностите на вашата социјална средина. Многу сте ценети, па следува официјална пофалба за сета ваша напорна работа. Во текот на вечерта можете да очекувате пријатни вести кои значително ќе ви ја подигнат самодовербата.
ВОДОЛИЈА
Од почетокот на неделата ве очекуваат многу деловни активности. Како сите да се сетија дека нешто им треба денес. Вашата точност и дисциплина мора да бидат на завидно ниво за да ги исполните очекувањата на претпоставените.
РИБА
Добивате нови задачи. Имајќи предвид дека тоа е ново поле во кое не сте се пробале досега, ќе бидете многу мотивирани. Самите си докажувате колку се големи вашите способности. Пази, не си безгрешен.
извор:нетпрес.мк