Сара Мејс и Димитар Атанасовски станаа родители по вторпат.
Нивното семејство стана побогато со доаѓањето на свет на бебето кое до доби името Кирил. Убавата вест ја сподели гордиот татко кој во прилог со првата фотографија од синот напиша:
„Добредојде Кирил, јунак наш“.
View this post on Instagram
Тато Димитар не застана тука со објавите…
Тој откри дека заедно со Сара биле на роденден кога почнале болките, па се упатиле правец во една од приватните скопски клиники каде веќе однапред им беше договорено породувањето и ја следеа бремениоста.
Родилката била со шминка и фризура, па Кирил за првпат ја здогледа мама во тип-топ издание.
Среќата на Диме и Сара се гледа од авион, а сигурно и на малата Илина која си дочека да биде постара дадичка на братче.
Инаку, Сара во текот на целата бременост беше активна трудница, а со јавноста го споделуваше секој момент од бременоста од недела во недела.
Честитки, да е жив и здрав малиот јунак Кирил!
фото:Инстаграм принтскрин/Димитар Атанасовски/Сара Мејс