Живот и Стил

Шпагети Болоњезе подготвени со тајна состојка – Највкусниот оброк на сите времиња

Шпагети Болоњезе подготвени со тајна состојка – Највкусниот оброк на сите времиња

За време на топлите денови не знаеме што да готвиме. Сепак, важно е и правилно да се храниме за да не останеме без многу потребната енергија, па во тој случај тестенините се секогаш добар избор, без разлика на сезоната. Лесно и брзо се подготвуваат, а воедно се и оброк погоден за сите членови на семејството. Болоњезе е кралица на тестенините, а ние ви го откриваме најбрзиот начин да ја подготвите со една тајна состојка која ќе им даде посебен вкус.

Состојки:

300 гр шпагети
500 гр мелено месо
2 глави кромид
2 моркови
500 мл сос од домати
пармезан
бибер/сол

Подготовка:

На загреано масло пропржете ситно исечкан кромид, а потоа додадете рендан морков за да добиете вкус кој ќе ве воодушеви. Потоа, во тие состојки истурете го меленото месо. Кога месото ќе се испржи, истурете го доматниот сос и варете 10 минути. Додадете сол и бибер по желба. Во меѓувреме, сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето, внимавајќи да не се преварат.

Трикот за да се осигурате дека вашите шпагети не се лепат една за друга е да ги процедите по готвењето и добро да ги исплакнете со ладна вода. Оставете го тенџерето во кое се варени шпагетите празно на исклучена рингла и додадете неколку капки масло. Исцедените и измиени шпагети вратете ги на истата рингла и измешајте. Со подготвениот сос прелијте ги шпагетите. Додадете пармезан на крајот, пред послужување, а садот можете да го декорирате и со магдонос.

To top