Здравко Чолиќ одржа концерт за паметење во Будва, а го бодреа три специјални дами од публиката, ќерките Уна и Лара, како и неговата сопруга Александра, што беше вистински преседан.
Александра го следеше концертот од бекстејџ, а најемотивниот момент беше кога сопругот и ја посвети песната „Остани“ која публиката ја поздрави со громогласен аплауз.
Сопругата на Здравко Чолиќ на настапот дојде во лежерно летно издание, фармерки, лелеава блуза и бели влечки.
фото:Курир.рс/Принтскрин