Штипјанецот кој е познат по своите победи на фестивалот „Макфест“, Зоран Илиев, реши да го заклучи ергенскиот живот, да стави прстен на раката на својата сакана и наскоро да планира свадба.
Имено, тој на социјалните мрежи откри дека ја побарал за сопруга својата сакана, Анѓелка, па како што е ред објавија фотографија од свршеничкиот прстен на нејзината рака.
Чинот на запросувањето се случил во крушевскиот манастир Св. Преображение.