Промотер

Барбара Поповиќ атакува на регионалната сцена со летната балада „Не одустајем“ (ВИДЕО)

Барбара Поповиќ атакува на регионалната сцена со летната балада „Не одустајем“ (ВИДЕО)

Барбара Поповиќ има нова песна. Македонката, со охридско потекло изненади со новата модерна летна балада „Не одустајем“ која уште на прво слушање ги добива симпатиите од публиката.

Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров, додека стиховите ги потишуваат дури четири имиња: самата Барбара, Владимит Даниловиќ, Дарко Димитров и Лина Пејовска.

Песната е е визуелизирана со едноставен но функционален летен видеоспот кој го продуцирал, направил и режирал  познатиот уметнички фотограф и режисер, Зоран Зонде Стојановски.

Инаку, младата Барбара својата музичка кариера ја започнала од најрана возраст уште од 6 години. Тогаш учествува на некогаш реномираниот детски фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и неколку други песни компонирани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски.

Од шест годишна возраст почнала да го изучува и пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“.

По кратка пауза, се враќа на сцената на фестивалот „Макфест 2018“, настапувајќи со песната “Не си ти крив”.

Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува со нашиот познат композитор, аранжер и продуцент, Дарко Димитров.

Барбара на 8-ми Септември треба да настапи во Ватикан по повод денот на независноста на Македонија.

Во меѓувреме уживајте во нејзиниот вокал и звуците на летната балада насловена  „Не одустајем“ со која  Барбара атакува на регионалната сцена  :

To top