Во жештината не сакате долго да бидете покрај шпоретот.
Затоа ви предлагаме одлична и многу едноставна торта која ќе ве остави без зборови.
Подготовката е лесна и брза, а вкусот е совршен.
Што е најважно, веќе ги имате сите потребни состојки дома.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
3 јајца
100 гр шеќер
50 гр мелени ореви
100 грама брашно
3 лажици гриз
50 мл маслиново масло
1 прашок за пециво
1 пудинг од ванила
300 мл млеко
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додаваат сите наведени состојки, убаво се меша и се става во намрсена тава од 22 см.
Сварете го пудингот, па со лажица извадете го и посипете го преку тестото. Се пече на 200 степени. Посипете со шеќер во прав…
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: