Живот и Стил

Истражување: Ова се петте највалкани места во кујната

Истражување: Ова се петте највалкани места во кујната

Според новото истражување спроведено во 100 кујни во Филаделфија, најголем дел од домовите ги прекршуваат здравствените правила.

Земени биле и примероци од разни површини во кујната, а резултатите се објавени во списанијата „Food Protection Trends“ и „Journal of Food Protection“. Податоците се застрашувачки, во најголем дел од домаќинставата имало глодари, а намирниците не биле чувани соодветно.

Бактеријата Ешерихија коли била пронајдена во 15 проценти од домовите.

Фрижидер

Речиси во сите домови сопствениците неправилно го складирале свежото месо, вели истражувањето. Течностите од свежото месо дошле во контакт со друга храна во фрижидерот, а шест проценти од домовите ваквото месо го чувале на собна температура.

-Ладењето го забавува или запира растот на бактерии, така што свежото црвено место, или рибата ако се чуваат на температура над 5 степени се овозможува брз развој на бактерии.

Кујнски крпи и сунѓерчиња

64 проценти од сунѓерчињата за садови содржеле некоја бактерија. Обидете се често да ги менувате, а кујнските крпи да ги перете на повисока температура.

Во и околу мијалникот

Бактеријата Ешерихија коли обично е присутна околу мијалникот. Истражувачите откриле дека 82 проценти од мијалниците кои ги прегледале не го минале тестот на чистота.

Даска за сечење

Речиси 80 проценти од даските за сечење имале пукнатини, каде што бактериите потенцијално може да се размножуваат, откриле истражувачите. Уште полошо, околу 50 проценти од домовите немаа ниту даска за сечење – што може да значи дека луѓето подготвуваат храна на шанкот во кујната.

Место каде седат милениците

65 проценти од домовите имале инсекти и измат од глодари. За тоа би можеле да бидат виновни домашните миленици, велат истражувачите.

To top