Бранка Соврлиќ вели дека преку глава и е муабетот за тоа колку е богата, но и дека има многу побогати од неа.
Пејачката Бранка Соврлиќ е една од најбогатите естрадни ѕвезди, заедно со сопругот, а поседуваат луксузна вила на Илиџа, неколку апартмани, луксузен автомобил и многу повеќе.
Богатството секогаш се поврзува со нејзиното име, а пејачката признава дека и е смачено да слуша за тоа.
“Навистина ми е преку глава. Зарем луѓето немаат други прашања? Мислам, јас живеам сосема нормален, убав живот, немам пороци. Но кога ќе речат дека имам убав фустан, тогаш им велам: “Не пуши, и ти ќе имаш секој месец за нов фустан!“ Прво, здравјето се влошува, сите мои вработени во ресторанот пушат, се трујат, ја трујат и околината и трошат многу пари. Никогаш не сум пушела, ниту сум пиела, претпоставувам затоа што се занимавав со спорт, но и од образованието на моите родители“, рече Бранка, која смета дека ѕиркањето во туѓ паричник не е воопшто учтиво, но и дека некои нејзини колеги имаат многу повеќе од неа.
„И јас и маж ми работевме, заработивме, ништо не ни падна од небо, има луѓе што имаат толку, мислам, зошто не пишуваат за Саша Поповиќ и Лепа Брена колку имаат и колку им е богатството ? Сите мене ме нападнаа “, порача пејачката.
Таа има 65 години а еве како изгледа :