Ако вашите нокти често се кршат или пукаат, треба да промените некои од вашите вообичаени навики.
За проблемите со ноктите обично се виновни малите детали.
Но, нема потреба да очајувате, сето тоа може брзо да се реши.
Прво, проверете дали правите некоја од големите грешки:
1. Прекумерна употреба на лак
Се советува да се направи пауза помеѓу лакови. Ако постојано ги лакирате и не им давате шанса да „дишат“, правите голема грешка.
2. Грубо отстранување на лакот
Друга вообичаена грешка што ја прават луѓето е рачно да го лупат лакот, а со тоа ги оштетуваат.
3. Постојано мокри раце
Ако рацете ви се постојано во вода или прстите постојано влажни, голема е веројатноста да имате меки нокти. Ова исто така значи дека тие ќе бидат повеќе склони кон кршење.
4. Претерано ги користите ноктите
Ова во основа значи дека правите се и сешто користејќи ги врвовите на вашите нокти, без разлика дали силно удирате по тастатурата или гребете дамки. Преголемиот притисок може да предизвика врвовите на ноктите да се скршат побрзо од било кога.
5. Редовно нанесување на вештачки нокти
Ако ова го правите само повремено, нема да има проблем, но ако постојано нанесувате вештачки нокти, тоа ќе предизвика огромна штета на „природното“.
6. „Агресивни“ производи
Понекогаш имаме тенденција да нанесуваме производи кои содржат груби хемикалии на нашите нокти. Ако премногу користите такви производи, поголема е веројатноста да ви пукаат ноктите.
Како да го подобрите квалитетот на вашите нокти?
Чувајте ги ноктите што е можно почисти.
Колку подолго ги сушите ноктите, толку подобро.
Редовно сечете ги.
Погрижете се врвовите на прстите и кутикулите да бидат хидрирани.
извор:kurir.mk