Радио Милева Среќен роденден

Горда на годините и семејството: Водителката Александра славеше роденден со најсаканите (фото)

Горда на годините и семејството: Водителката Александра славеше роденден со најсаканите (фото)

Оваа година за ТВ водителката Александра Пановка е полна со прослави, славења, но и со љубов.

Таа неодамна ја преослави годишнината од бракот со сопругот Александар, а неколку дена подоцна повторно имаше повод за славење- нејзиниот роденден.

На нејзините профили на социјалните мрежи осамнаа бројни честитки од пријателите и следбениците, а водителката без комплекси го истакна бројот на своите години.

-Со тоа што сум една година постара 37, јас сум најблагодарна на луѓето околу мене и подарокот да бидам среќна. Благодарам за секоја честитка!Нека се оствари сето добро и светло, затоа што сме родени да бидеме среќни луѓе, пишува Александра.

Главниот фокус на роденденската фотографија се нејзините најсакани кои се центарот на нејзиниот умиверзум.

Без многу помпа, само со многу љубов од оние што се најпотребни, а тоа е најважно нели?

фото:Инстаграм/ Александра Пановска илиевска

To top