Живот и Стил

Од ова не може побрзо – готово за 5 минути: Пробајте го летниот рецепт на Гордон Ремзи за совршено тирамису (видео)

Од ова не може побрзо – готово за 5 минути: Пробајте го летниот рецепт на Гордон Ремзи за совршено тирамису (видео)

Овој рецепт ќе ве воодушеви, а вкусот долго ќе го паметите.

Состојки:

– 300 грама крем-шлаг;
– Екстракт од ванила;
– Шеќер во прав;
– 250 грама маскарпоне сирење;
– 1 шолја црно кафе;
– Пишкоти.

Подготовка:

– Во чинија ставете го шеќерот во прав, додадете го крем-шлагот и добро измешајте.

– Во друга чинија ставете го маскарпоне сирењето и екстрактот од ванила и добро помешајте.

– Во шлагот додадете ја мешавината од маскарпоне сирење и ванила и добро измешајте.

– Потоа потребно е да ги распоредите пишкотите и да ги потопите во кафето, па да ги ставите во чашата.

– Смесата ставете ја во чашите и можете одгоре да нарендате темно чоколадо.

To top