Живот и Стил

Маринирани стапчиња од тиквичка кои воодушевуваат

Маринирани стапчиња од тиквичка кои воодушевуваат

Состојки:

1 голема тиквичка
2 лажици палента
сол
Малку сув зачин
Малку црвена мелена слатка пиперка
Малку оригано

Подготовка:

Тиквичката треба да ја излупите, па да ја исечете на стапчиња со еднаква должина и ширина, а по желба исчистете ги и семките. После тоа, време е да ја подготвите смесата во која ќе ги виткате тиквичките.

Измешајте палента, сув зачин, мелен црвен пипер и малку оригано. Во сето ова ролајте ги тиквичките и наредете ги во плех. Печете на 200 степени додека не поруменат, приближно 30 минути.

извор:курир.мк

To top