Радио Милева ги отфрли изјавите

Ким Кардашијан одговори на обвинувањата дека и го уништила фустанот на Мерилин Монро! (фото)

Ким Кардашијан одговори на обвинувањата дека и го уништила фустанот на Мерилин Монро! (фото)

Американската старлета Ким Кардашијан за прв пат јавно ги отфрли обвинувањата дека трајно го оштетила фустанот на Мерлин Монро, кој го носеше на овогодинешната Мет Гала.

Таа како гостин во емисијата „Тудеј“ одговори дека не се точни изјавите на колекционерот Скот Фортнер.

„Екипата од компанијата „Рипли“ во чиј музеј се наоѓа овој фустан и  јас се погриживме се да помине во најдобар ред. Фустанот го облеков со помош на асистенти кои носеа заштитни ракавици и го носев околу три-четири минути“ – одговорила Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ова го потврдија и претставниците на музејот на Рипли.

„ Факт е дека Ким на никаков начин не го оштети фустанот. Од почетокот на скалите, каде што го облече, до врвот, каде што беше вратен, фустанот беше во истата состојба во која беше изнајмен“ – рече потпретседателката за издаваштво и лиценцирање на музејот, Аманда Џојнер.

Да потсетиме дека Скот Фортнер, историчар на уметност и колекционер, објави фотографии од фустан кој моментално е изложен во музејот Рипли со видлив филц покрај патентот. Недостигаат и некои кристали и светки, а некои едноставно висат.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/kimkardashian

To top