Експертите препорачуваат во текот на летото, наместо тешки и силни мириси, да понесете нешто полесни и освежителни ноти.
Со оглед на тоа што кожата има потреба од постојана нега, особено во текот на летото, лоша одлука е да ја „затворите“ со тешки средства, како што е парфемот.
Сувото масло е далеку подобро решение. Овие масла се богати со хранливи материи кои се одлични за нега на кожата, па користењето на овој производ во исто време ја храни кожата и и дава на кожата рајски мирис.
За разлика од парфемите, чие прскање не се препорачува на некои делови од телото, можете да нанесете миризливи суви масла од глава до пети, во која било точка од телото.
Се препорачува вашето миризливо суво масло да го нанесете веднаш по туширањето, односно додека кожата е сеуште влажна. Ако го направите тоа, маслото полесно ќе навлезе во вашите пори и кожата побрзо ќе го впие. Ќе остане мека и свиленкаста, а вашиот мирис ќе се чувствува зад вас.
Мирисот на сувите масла е многу посуптилен од мирисот на парфемот, што значи дека нема да ги иритира луѓето околу вас. Тие се одличен избор за топлите летни денови, а при купувањето можете да се одлучите и за оние со светки кои можат да го истакнат вашиот убав и исончан тен.
Сувите масла може да се користат и за нега на коса. Покрај тоа, тие не оставаат траги на облеката.