Избраничката на хрватскиот пејач Петар Грашо, Хана Хулиќ по долго време сподели фотографија на својот Инстаграм профил која предизвика бура на реакции.
Имено таа позираше пред сцената на плоштадот во Загреб каде нејзиниот татко имал свој настап истата вечер.
-Припрема за концерт ЗГ Класик, напиша таа.
View this post on Instagram
По ова, следбениците веднаш и упатија само позитивни зборови за изгледот и стајлингот.
„Убава, нежна, млада трудница“, „Убава“, „Изгледаш совршено“, „многу убава трудница, блескаш“.
Инаку Грашо и Хана се венчаа на 19 февруари во Сплит под бурното око на медиумите и фановите, а треба да се породи идниот месец, а на бебето се одлучија да му го дадат името Алба.
фото:Инстаграм принтскрин