Радио Милева Целосно посветена на мајчинството

Водителката Милена открива: „Не знам во кој ТВ формат ќе се вратам пред камери по породилното отсуство“ (видео)

Водителката Милена открива: „Не знам во кој ТВ формат ќе се вратам пред камери по породилното отсуство“ (видео)

ТВ водителката Милена Антовска Станковска се појави пред камери во емисијата „По дома со Александра“ на нејзината матична ќука Канал 5.

Како што веќе е познато, Милена е на породилно отсуство по породувањето со втората ќерка Јоана пред пет месеци.

Колегите и дојдоа да ја снимаат во маало и да поразговараат, а со тоа и да им ги пренесат одговорите на прашањата кои ги поставуваат гледачите на кои им недостига во утринската програма.

Најголемиот дел од разговорот беше за мајчинството и дали е полесно кога си мајка по вторпат, како се однесува Лана Марија кон бебто, но и дали има помош од сопругот Гордан. Меѓудругото Милена откри и дека засега се уште не знае во каков ТВ формат ќе се врати на работа од октомври и дека треба да разговара со претпоставените.

Видеото од интервјуто се најде и на Јутјуб, а Милена во објавата им се заблагодари на колешките, а на сопругот му порача да погледне:

-Александра Илиевска благодарам за убавата најава.Бисера Ловачева ти благодарам и тебе, секогаш носиш една позитивна енергија што се забележува и на камера. За оние кои го пропуштија разговорот во рамките на “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ. Гордан Станковски погледни и ти, напиша Милена на својот Фејсбук профил.

Погледнете:

фото:Инстаграм /принтскрин Јутјуб

To top