Билките што се наоѓаат во природата можат да бидат спас за многу болести, а тоа досега многупати го потврдиле и историјата и науката. Најважно од се’ е што можеме и самите да се увериме во лековитоста која ни ја дава природата како наш најдобар пријател.
Можеби сте слушнале, а можеби не, дека рузмаринот е одличен за проширени вени. Во себе содржи киселина која им помага на вените да се регенерираат и на тој начин се постигнува нивно природно јакнење.
Рузмаринот делува добро на циркулацијата која е предуслов за лекување на проширени вени. И да ја немате веќе во својата кујна, оваа билка лесно може да ја набавите. Она што е интересно е и фактот што рузмаринот е честа состојка во многу природни креми кои се специјално наменети за лекување на вените.
Од рузмаринот може да се прави чај кој со редовно консумирање помага доколу чувствувате грчеви во нозете, а од него се прават и облоги.
Секако, доколку имате посериозни проблеми, прво консултирајте се со вашиот матичен лекар.