Македонија стана се почеста земја за настап на српската пејачка Наташа Беквалац.
Новосадската барбика неодамна пееше во Тетово, а вчеравечер во еден познат скопски бар.
Во прв ред од публиката и беше Лила Филиповска, која според објавите на своите „стори“ на Инстаграм, се гледа дека одлично се забавувала. Жените велат дека кога ќе добијат комплимет од жена, тогаш им е најдраго.
Токму една таква пофалба доби Беквалац од Лила која не само што ја слушаше и се забавуваше на нејзините песни, туку ја изанализира од глава со петици, па кажа:
-Ама стварно е преслатка и презгодна, пишува Лила во суперлатив.
Беквалац беше означена во објавата, а овој коментар од вака позната Македонка, сигурно ќе и годи што е вака поласкана.
Инаку, за изгледот на како што вели Лила преслатката Ната повторно се погриши нашиот стилист Даниел нколовски кој ја стилизра секојпат кога таа доаѓа во Македонија.
фото:Инстаграм принтскрин/лила филиповска/наташа беквалац