Ова овошје не може да биде досадно, но може да почнеме да подготвуваме и малку поинакви лубеници – на стапче. Уживајте во раскошниот вкус…
Состојки:
три и пол чаши исчистена лубеница
пет и пол лажици шеќер
лажичка сок од лимон
половина чаша кокосово млеко
шест средни киви
една лажичка чоколадни трошки
Подготовка:
Во блендер ставете лубеница, две лажици шеќер и сок од лимон, измешајте, истурете во калапи за сладолед на стапче, па додајте ги чоколадните трошки и измешајте со чепкалка за заби. Ставете во замрзнувач да се излади и стегне. Во меѓувреме изматете го кокосовото млеко со лажица шеќер и прелијте ја замрзнатата лубеница. Вратете во замрзнувач да се излади и стегне. На крај измешајте го кивито со преостанатиот шеќер, истурете во калапите, ставете во замрзнувач да се стегне, па послужете.