Познатиот пејач Том Ман потврдил дека неговата свршеница Даниела со која има и син одненадеж починала во сон.
Таа имала само 34 години и починала во утринските часови во саботата на денот кога требало да се венчаат, а ден претходно прославувала и моминска вечер.
„Не можам да верувам дека ги пишувам овие зборови, но мојата најдрага Дени, мојата најдобра пријателка, мојата се и љубовта на мојот живот почина во раните утрински часови во саботата на 18 јуни. Денот кога требаше да биде најсреќен во нашите животи, заврши со трагедија, се чувствувам како да исплакав океан“ – напишал пејачот.
Тој понатаму во постот на Инстаграм раскажува дека не стигнале до олтарот, ниту да го изговорат заветот, ниту да го играат првиот танц.
Парот бил во врска седум години, а свршувачката ја објавиле во 2019 година, нивниот син се родил кон крајот на 2021-та година и дека има осум месеци.
Во овој момент се очекува истрагата да покаже од што настанала смртта, бидејќи таа не била болна, ниту имала какви било здравствени проблеми.
Инаку, Том Ман се прослави инаку во учеството на Х Фактор, потоа влезе во група, па сега има своја соло кариера.
Фото: Инстаграм принтскрин/danihampson/tommanninsta