Наздравје за љубов и нови почетоци за Татиана и Тимоти, гласи честитката на пејачката Викторија Лоба која таа ја упати до мајка си и незјиниот нов сопруг.
Во прилог следеа и фотографии од свечноста која се случила во Охрид.
Лоба беше облечена во елегантна тоалета во боја на лаванда, додека невестата се одлучила за класична венчаница во тесен крој.
Освен срвршеникот на Лоба, на венчавката беа и нејзините другарки со кои таа позираше за спомен од овој ден.
Очекувано честитки се редеа под обавата, а некои од следбениците и порачаа дека и таа ќе биде прекрасна невеста како мајка и.
Инаку, Викторија кон крајот на 2019 година се сврши со своето момче Ѓорѓи со кој живее заедно, меѓутоа свадбата ја откажаа поради коронавурисот.
Минатата година ова време, на прашењето до каде е свадба, Лоба одговори:
„Повеќето парови сега така функционираат. Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“. Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа…. Ние уствари ќе си направиме мини концерт“, вели Лоба.
View this post on Instagram
Кога ќе дојде датумот за Лоба и Ѓорѓи останува да видиме…