Ќерката на Џенифер Лопез го менува полот, а пејачката тоа го потврди пред полниот стадион „Доџерс“ во Лос Анџелес.
Лопез е позната како личност која им пружа огромна поддршка на децата, па така беше и сега на заедничкиот настап со нејзината ќерка.
Познатата Џенифер Лопез настапи во дует со својата ќерка Ема, која ја доби од бракот со Марк Ентони.
Она што го привлече вниманието, освен што Џеј Ло пееше со својот „омилен пејач “, е тоа што таа секогаш и се обраќаше со родово неутрална заменка „тие“, објави Мирор.
Watch @JLo sing with her daughter, Emme @LADForg Blue Diamond Gala,
simply beautiful! pic.twitter.com/nZDxhYdEAp— Yanira 🇸🇻💗🇺🇸 (@ygiron96) June 17, 2022
„Последен пат вака пеевме заедно на ваков голем стадион и цело време ги молев да пеат со мене, но тие не сакаа. Затоа ова е многу посебна пригода. Тие се многу зафатени, резервирани и скапи – заклучила Лопез.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Џенифер Лопез настапи на хуманитарен настан на стадионот„ Доџерс“ во Лос Анџелес, а Ема со неа ја изведе песната „A Thousand Years“. Нејзината ќерка за време на настапот носеше микрофон во боја на виножито.
Џеј Ло и Марк Ентони имаат и син, кој е брат близнак на девојчето Ема.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/emme.munizz/Твитер/Профимедиа