Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ, некогаш лути ривалки, решија да заборават на се’ што е грдо од минатото и да и дадат нова шанса на својот однос.
Отровните стрели од двете страни беа испукани своевремено, но времето и зрелоста си го направија своето.
-Не сме се слушнале, но треба наскоро да се видам со Јелена. Често се допишувам со нејзиниот пријател Зоран и досега бевме во контакт. Заборавив се’ што се случуваше во минатото, во меѓувреме и двете созревавме и станавме мајки, што целосно го менува погледот на светот – изјави Сека за новиот број на неделникот Стар.
фото:Принтскрин Инстаграм/hello.rs