Модриот патлиџан во последно време е вистинска ѕвезда во кујната. Меѓутоа, кога станува збор за децата, овој зеленчук не е нивниот омилен избор.
Но, доколку го подготвите по рецептот кој ви го предлагаме, и најмалите ќе го обожаваат.
Кога ќе го наполните со сирење и зеленчук, па ќе го завиткате и ќе го испечете сето тоа во рерна со сос од домати, никој нема да може да одолее.
Состојки:
– 2 поголеми модри патлиџани
– 1 главица кромид
– 150 гр. спанаќ
– 2 чешниња лук
– 1 лажица мелена црвена пиперка
– сол, бибер
– 400 мл. сос од домати
– 300 гр. кашкавал
– 300 гр. сирење
– масло
– магдонос за декорација
Подготовка:
Модрите патлиџани исечкајте ги тенко по должина, па посолете ги и оставете ги настрана. Во загреаната тава истурете малку масло, па додајте исечкан спанаќ, кромид и лук.
Сето тоа заедно се динста околу пет минути, а на крајот се додаваат наведените зачини. Тргнете ја тавата од оган, смесата ставете ја во сад, па додадете го кашкавалот и измешајте.
Истурете го целиот сос од домати во тавата во која ќе ги печете модрите патлиџани. На работната површина ставете едно парче модар патлиџан, па премачкајте го со мешавина од сирење и спанаќ.
На крај, врз модриот патлиџан посипете рендано сирење и завиткајте го, па ставете го на плех. Повторете го процесот додека имате од смесата.
Ставете ги ролните во загреана рерна на 180 степени и печете ги 20 минути.
Кога ќе бидат готови украсете ги со магдонос и послужете ги топли.
На здравје!
извор:кармин/точка.ком.мк