Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна објави дека се повлекува од јавноста на неопределено време. Насловите во медиумите беа дека таа е во блажена состојба, но, за жал, работата е многу посериозна.
Пејачката ги откажа сите настапи и откри дека ќе има две операции.
– Ги откажувам настапите до понатамошно известување бидејќи ќе одам на операција на гласните жици. Им благодарам на сите што се со мене, што се грижат и прашуваат – изјави тогаш Едита.
Таа пред само неколку дена преку видео вклучување на „Инстаграм“ објави:
– Малку сум исплашена, не само поради операцијата на гласните жици, туку и затоа што треба да ја оперирам препонска кила. Персоналот е одличен и иако сум под стрес, морам да признаам дека се чувствувам удобно. Витни Хјустон се врати – изјави младата пејачка пред операцијата, а потоа на „Инстаграм“ објави фотографија од болничкиот кревет.
Операцијата на Едита Арадиновиќ денеска беше успешно завршена.
– Направено! Јас сум како нова! Фала луѓе. Што би правела без вас – се пофали Едита.
фото:Инстаграм принтскрин