„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ – зборови кажани од нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, големиот човек чиј лик и дело никогаш нема да отиде во заборав.
За да се спомене Тоше и да се слуша неговата музика, не е потсебно тоа да биде денот на неговиот роденден или оној кобниот- Тоше е тука, меѓу нас, во срцата постојано…
Дека тоа е така и за познатиот пејач од „Нокаут“, Никола Перевски, потврди со гестот и постапката со почит кон колегата Тоше која ја негува со години.
-Имав огромна чест и задоволство лично да го познавам и да соработувам со Тоше на албумот “Ако ме погледнеш во очи” како композитор и пратечки вокали. Другар и колега, со искрена желба,визија и мисија да тргне и да го освои светот. Се уште во неверување дека повеќе не е меѓу нас, секоја година доаѓам да му оддадам почит и запалам свеќа на неговото вечно почивалиште и во манастирот св.Преображение со најголема почит. Во суштина, тој е во сите нас. Крушево абер пристигна.
Мир божји – пишува Пере.
Се гордееме како Македонци што го имавме и го имаме во нас, а тоа е чиста емоција полна љубов која беше неговиот примарен двигател.
фото:Принтскрин Инстаграм фан Пејџ Тоше Проески/Фејсбук Никола Перевски