Живот и Стил

Јајца – одличен избор за појадок

Јајца – одличен избор за појадок

Една од најсоодветните и најкорисни намирници за почеток на денот, е јајцето… Тоа е одличен избор за секој кому му требаат малку повеќе протеини, а помага и при слабеење бидејќи ќе ја држи ситоста и покрај тоа што количината за јадење не е преголема. Следат неколку совети за јајцата како појадок…

Омлет со зеленчук

За ова јадење се потребни:

– 2 јајца,

– четвртина црвен пипер, сецкан,

– малку рендано тврдо сирење,

– неколку листови свеж спанаќ,

– 2 мали сечкани домати,

– бибер,

– путер.

Подготовка:

Во тавата се растопува путерот. Потоа, јајцата се матат и се зачинуват. Смесата се става во тавата, па кога долниот дел ќе се испече, се додава сирењето и зеленчукот. Сѐ тоа се врти на другата страна. За неколку минути, омлетот е готов.

ЈАЈЦЕ НА ЛЕБ СО АВОКАДО

За ова јадење се потребни:

– потпечено лепче,

– 4 мали парчиња авокадо,

– масло за пржење,

– 1 јајце,

– бибер,

– лут сос – по желба.

Подготовка:

Авокадото се гмечи со виљушка и се зачинува. Следи загревање на мала тава, со додадвање масло и на неа се пржи едно јајце. На потпеченото лепче се мачка авокадото, па врз него јајцето и – појадокот е подготвен.

За што се добри јајцата?

Ги штитат очите и видот. Богати се со моќните антиоксиданси зеаксантин и лутеин, коишто штитат од штетните УВ-зраци и ја намалуваат опасноста од катаракта. Советот гласи – сварете неколку јајца навечер за да имате здрав појадок наутро и – чувајте ги во фрижидерот, за секогаш да има нешто здраво за јадење „при рака“.

Јајцата се и десерт за оние кои се на диета… Едно јајце содржи околу 70 калории, па едно истражување покажа дека луѓето со вишок килограми кои јадат две јајца за појадок изгубиле 65 отсто повеќе килограми од оние кои јаделе колачиња наутро. Протеините во јајцата побрзо заситуваат и го продолжуваат чувството на ситост, што значи дека полесно ќе одолеете на грицките потоа.

Го намалуваат ризикот од рак… Јајцата се еден од најдобрите извори на нутриентот холин – едно јајце содржи околу 30 отсто од препорачаната дневна доза. Холинот се наоѓа главно во жолчката од јајцето, а е особено делотворен за спречување рак на дојка кај жените.

Јајцата се сметаат за еден од најквалитетните природни извори на протеини и есенцијални масни киселини кои се клучни за многу функции во телото, вклучувајќи го растот и развојот на телесните ткива и нормалното функционирање на мускулите и нервите.

Холинот го зајакнува и мозокот. Оваа хранлива состојка игра важна улога во развојот на мозокот и помнењето, а со тоа ја намалува и можноста за појава на Алцхајмерова болест. Ако работата на еден човек бара повеќе концентрација, тој / таа треба да јаде две јајца дневно.

To top