Мајка… Најсветото нешто на светот. Жената која најмногу се сака, вечно се памети, никогаш не се заборава. Ниту таа, ниту нејзините дела, нејзината љубов, топлина, сите нејзини жртви и безрезервни давања, најмногу за децата… Затоа не попусто се вели: „Една е мајка“!
Дека е тоа знаеме сите и таа љубов умееме најчесто да ја возвратиме на себесвојствен, специфичен начин, секој како што знае и умее… Онака како што само дете може искрено да го сака својот родител, својата мајка, за која од колевка до последен здив, без оглед на возраста, секогаш ќе бидеме… нејзиното дете!
Дефинитивно, една е мајка, а Ања Ветерова покажа како мајка се сака. Имено младата македонска пејачка која неодамна дипломираша на престижниот музички колеџ Беркли и се врати од САД, не ја заборави ниту поддршката и жртвата на својата мајка, ниту нејзиниот роденден. Она што интимно го чувствува за неа, искрено и отворено го искажа на својот Инстаграм профил, честитајќи и го јубилејниот 50-ти роденден на мама.
„Ти посакувам најсреќен роденден. Ти благодарам што сте најдобрата мајка, пријателка, ментор, пример, слушател, советник, поддржувач и заштитник. Неверојатно е како секогаш се трудиш да бидеш најдобрата верзија од себе. Ти благодарам што беше бестрашна и упорна, што веруваше, што имаше така извонредна присустност, што ја знаеш мојата вредност, што се бореше, сакаше, чувствуваше, простуваше, се жртвуваше, прилагодуваше, помагаше… Сите што ме познаваат, знаат колку Ања не може биди без нејзината мајка. Таа секогаш и се јавува, и кажува сè, прашува итн. Тоа е затоа што ти си навистина мојата сродна душа. И не се срамам да кажам дека зависам од тебе затоа што ти си моето срцебиење. Те сакам без да знам како, кога и каде. Само те сакам затоа што не знам поинаку. Знам дека никогаш нема да сакам никого вистински како што те сакам тебе.
Те сакам и ти ветувам дека секогаш ќе бидам таму и ќе те држам за рака“ – напиша искрено од срце пејачката во роденденската посвета на својата мајка.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/anniamusicofficial