Живот и Стил

Што претставува алкалната вода и кои се нејзините здравствени придобивки?

Што претставува алкалната вода и кои се нејзините здравствени придобивки?

Веројатно досега сте слушнале разноразни тврдења за алкалната вода. Некои велат дека може да го забави процесот на стареење, да го регулира нивото на pH вредноста во организмот, но и да спречи одредени хронични заболувања како ракот.

Што значи терминот „алкално“?
Терминот „алкално“ се однесува на pH вредноста на овој тип вода. Оваа вредност е всушност показател за тоа колку супстанцијата е кисела или алкална на скала од 0 до 14.

Придобивки од консумирање алкална вода
Алкалната вода има повисока вредност од обичната вода за пиење. Поради тоа многумина сметаат дека алкалната вода може да ја неутрализира киселината во организмот. Обичната вода вообичаено содржи неутрална pH вредност 7, додека алкалната вода има 8 или 9. Од друга страна, алкалната вода мора да содржи алкални минерали и негативен потенцијал на редукција-оксидација за да делува како антиоксиданс.

Сепак, сè уште не се испитани докрај придобивките и влијанието на алкалната вода врз организмот. Од друга страна, поборниците на алкалната вода сметаат дека нејзините здравствени придобивки вклучуваат:

забавување на процесот на стареење
подобрување на имунитетот
хидратација, детоксикација и одржување на здравјето на кожата
губење телесна тежина
отпорност на рак
Дали консумирањето алкална вода може да доведе до несакани ефекти?
Досега не се откриени докази за негативни ефекти од консумирањето алкална вода така што таа се смета за безбедна. Под влијание на алкалната вода, телото ќе продолжи да произведува хлороводородна киселина која ќе го регулира нивото на pH во желудникот со цел да се постигне хомеостаза.

Откако прочитавте за алкалната вода и нејзините придобивки, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е добро да се пие топла вода со лимон.

Извор: healthline.com/кафепауза.мк

To top