Живот и Стил

Маска за лице од кафе: Ја чисти кожата и ги отстранува митесерите

Маска за лице од кафе: Ја чисти кожата и ги отстранува митесерите

Маската совршено ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки, го враќа убавиот тен, ја подобрува циркулацијата на крвта

Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот кој го подига нивото на енергија.

Растенијата кафе се одгледуваат во над 70 земји низ светот, најмногу во екваторијалните региони на Јужна Америка, Јужна Азија, Африка и Индија. Бразил, на пример, е еден од најголемите светски производители на кафе, извезувајќи една третина од светското производство.

Кога зрее, зрната кафе се собираат, обработуваат и сушат. Зелените зрна кафе се најпродаваниот земјоделски производ во светот. Зрната се пржат до различен степен, во зависност од саканиот вкус, а потоа се мелат.

За да ја подготвите маската ќе ви требаат:

1 лажица талог од кафе

1 лажица сол

1 лажица мед

1 лажица шеќер

1 белка

Одделете ги белките од жолчките. Додадете го кафето во белките. Додадете мед, сол и шеќер.

Во голем број на козметички производи кафето е незаменлива состојка, а причината за тоа е што е богато со кофеин и антиоксиданси.

Антиоксидансите даваат одлични резултати во препаратите против стареење бидејќи можат да ја намалат појавата на брчки и фини линии.

извор:курир.мк

To top