Неспорен е успехот кој го има музиката на нашиот плоден уметник Дарко Димиров, а во неговото студио се чека ред за нов хит.
Дека Дарко е хитмејкетот, тоа добро и е познато на македонската естрада, но Србите максимално навалија.
Последен во инзата пеше фолк пејачот Ацо Пејовиќ, а по него сега дојде и Марија Шерифовиќ која по 20 години повторно довербата за хит му ја предава на Димитров.
Дека заедно работат во студиото во Скопје, објавија и двајцата на своите Инстаграм профили и на следбениците им најавија да очекуваат нешто ново од нив.
-Дваесет години по првата средба спремаме нова музика, вели Дарко, кој досега работел на два албума на Марија.
Марија пак пишува:
View this post on Instagram
-Пријателство кое трае цели 20 години…Легендо Дарко Димитров освен што старееме и понатаму сме најдобри и да почна….Му поласка Марија на Дарко и себе си.
Дарко не може глава да крене од работа, но кога ефектот и фитбекот е и повеќе од доволен, тогаш инспирацијата и тоа како работи под полна пареа.
Можеби не сте знаеле, но Димитров во голем дел е автор на музиката или аранжманот, како и продукцијата на песните на: Северина, Емина Јаховиќ, Дино Мерлин, Ана Николоќ, Каја Остојиќ, Александра Радовиќ, хрватската пејачка Јелена Розга, од поновите на Луна Ѓогани и Анастасија Ражнатовиќ и уште многу други…
фото:Инстаграм Дако Димитров/Марија Шерифовиќ