Радио Милева Само музиката ги поврзува?

Сани и Аца Лукас повторно се споија на сцена, а зад неа падна и бакнеж (фото)

Сани и Аца Лукас повторно се споија на сцена, а зад неа падна и бакнеж (фото)

Во 2018/19 година на една новогодишна забава по одржан концерт во Скопје на српскиот фолкер Аца Лукас и уште неколку негови колеги, во кафеана им пееше нашата позната пејачка Сања Сани Гроздановска.

Тогаш нејзината појава и глас не останаа незабележани од Лукас кој ја запозна Сани и ја пофали дека е комплетен пакет на сцената, а секако се роди и пријателство.

Тогаш во домашните медиуми почнаа да се појавуваат наслови и шпекулации за нивната наводна врска, што Сани низ насмевка ги демантираше.

„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додаде:

„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ кажа тогаш пејачката за Бекстејџ.

Деновиве по неколку години, сцената повторно ги спои Аца и Сани на настап од приватна забава во еден поознат скопски хотел каде пееја заедно.

Сани не пропушти да го сподели овој мометн на својот Инстаграм, ама исто и не пропушти да фрли нова јадица за жолтиот печат со фотографиите каде е гушната со српскиот фолкер и тој ја бакнува во образ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANI live (@sani.grozdanovskasanja)

Сега тазе разведена, за многумина разубавена, ќе биде и дополнителен момент за чаршиски муабети од типот за нејзината блискост со Лукас, за што и самата знае.

Едно е сигурно, дека одлични биле заедно на сцена, а зад истата дека имаат екстра пријателство од кое можеби ќе падне и некоја музикча соработка. Единствената дилема што остана да лебди е… Дали Лукас и Сани само музиката ги поврзува?

Фото: Инстаграм принтскрин/ sani.grozdanovskasanja

To top