Сокот од домати го прави животот поквалитетен бидејќи се покажало дека една од хранливите состојки во него помага во превенција на рак.
За пример, пиењето само една шолја сок од домати дневно речиси ги задоволува дневните потреби за витамин Ц и исполнува 22 отсто од вашите потреби за витамин А во облик на алфа и бета-каротеноиди.
Каротеноидите се пигменти кои во телото се претвораат во витамин А, кој често му недостасува на организмот, а неопходен е за здрав вид и одржување на ткивата.
Добро е познато дека избегнувањето на чадот од цигарите и користење на креми со заштитен фактор се двата најдобри и наједноставни начини за спречување одредени видови рак, но уште еден помалку познат начин кој е подеднакво едноставен е – консумирањето сок од домати.
Доматот содржи ликопен, кој освен способноста да го одржува здравјето на коските и крвниот притисок, се поврзува и со намалување на ризикот од појава на неколку видови рак, вклучувајќи и рак на простата.
„Сокот од домати е неверојатно богат извор на ликопен. Оваа хранлива материја која му ја дава црвената боја на доматот, делува како моќен антиоксидант. Неколку студии покажаа дека ги намалува воспаленијата и ризикот од неколку видови рак“, вели нутриционистката Линдзи Вохер.
Не само што ликопенот помага во превенција на одредени видови рак, туку и една бразилска студија открила дека ликопенот е делотворен во убивање на клетките на рак на простата.
Додека ликопенот се наоѓа во било која варијанта на домати, експертите велат дека е често најмоќен во производите како сок. Ликопенот кој се наоѓа во доматот е помоќен во термички обработена форма.
извор:точка.ком.мк