Доколку ви недостасува идеја за лесен ручек тогаш совршено зачинети компирчиња во сланина се вистински избор за вас.
Младиот компир конечно пристигна на пазарите, па секој нареден ручек ќе ви биде повкусен од претходниот.
Постојат многу рецепти за сластен ручек чија главна ѕвезда е сочниот, млад компир, а доколку го изролате во сланина и му додадете зачини – загарантиран ви е неверојатен ручек.
Состојки:
– Околу 700 грама млади компири;
– Една лажица ким;
– Една лажица магдонос;
– 200 грама тенко сечена сланина;
– Сол по желба.
Подготовка:
Излупете ги и добро измијте ги компирчињата, а доколку се покрупни, исечете ги на половина или пак на четвртина.
Додадете го кимот и варете ги во солена вода околу 25 минути, потоа исцедете ги и оставете ги да се исушат.
Потоа изролајте ги компирчињата во сланината, прицврстете ги со чепкалка за заби, посипете магдонос и пржете ги на путер.
Кога ќе заруменат, послужете ги.
Пријатно јадење!
извор:кармин/точка.ком.мк