Живот и Стил

Суплементи и лекови кои не треба да се комбинираат

Суплементи и лекови кои не треба да се комбинираат

Дури и најчестите суплементи кои луѓето масовно ги земаат, може да имаат контраиндикации со поединечни лекови.

„Нештата кои се природни не се нужно и безбедни“, вели д-р Дејвид С. Серес. Тој објаснува дека некои супстанци, кога ќе се најдат во форма на суплементи, се многу поконцентрирани отколку во својот природен облик кога имаат добар ефект врз организмот.

Ова се само некои од суплементите кои не треба да ги мешате со други суплементи или лекови.

Рибино масло
Интеракции со лекови: Земањето рибино масло и лекови за намалување на крвниот притисок може да предизвика пренизок притисок. Исто така, треба да се внимава кога се зема рибино масло и лекови кои можат да го зголемат крварењето како што се аспирин или ибупрофен.

Интеракции со други суплементи: Земањето рибино масло со билки кои го забавуваат згрутчувањето на крвта може да доведе до крварење.

Мелатонин
Интеракции со лекови: Бидејќи мелатонинот може да ве направи поспани, земањето заедно со седативи како бензодиазепини и некои антидепресиви може да предизвика преголема поспаност.

Мелатонинот, исто така, може да предизвика и забавено згрутчување, така што земањето заедно со антикоагуланси може да доведе до појава на модринки и крварење. Избегнувајте да земате мелатонин ако земате лекови за крвен притисок бидејќи тоа може да го зголеми истиот.

Интеракции со други суплементи: Може да има седативно дејство и може да ги влоши несаканите ефекти на мелатонинот.

Калциум
Интеракции со лекови: Калциумот може да го наруши делувањето на многу лекови, вклучувајќи ги и оние препишани за остеопороза, попознати како бифосфонати.

Исто така, може да влијае на дејството на лековите за крвен притисок, антибиотиците од фамилиите на тетрациклини и кинолони како и левотироксин, кој се користи за лекување на хипотироидизам.

Ехинацеа
Интеракција со лекови: Способноста на ехинацеа да го стимулира имунолошкиот систем може да го наруши дејството на лековите кои го ослабнуваат имунитетот како што се стероидите.

Витамин Д
Интеракции со лекови: Витаминот Д може да ја намали ефикасноста на аторвастатин, како и на некои лекови за намалување на холестеролот.

Исто така, земањето витамин Д со диуретици може да резултира со прекумерни количини на калциум во телото што може да предизвика проблеми со бубрезите.

Цинк
Интеракции со лекови: Ако земате антибиотици со кинолин или тетрациклин, цинкот може да му отежни на телото да ги апсорбира овие лекови. За да се осигурате дека тоа нема да се случи, испијте ги антибиотиците два часа пред да земете цинк.

Истото важи и за лековите со пенициламин, кои се користат за лекување на ревматоиден артритис. Земете цинк два часа пред овие лекови за да спречите слаба апсорпција на панициламинот.

извор:точка.мом.мк

To top