Живот и Стил

Тиквички со кашкавал и шунка, подгответе брзо и лесно

Тиквички со кашкавал и шунка, подгответе брзо и лесно

Тиквичките се омилен летен зеленчук од кои може да направите разна храна. Ви предлагаме рецепт за ролнички од тиквичка полнети со кашкавал и шунка, ова е супер предјадење кога се работи за прослави, а може да ги подготвите и како лесна вечера.

Состојки:

2 тиквички
200 гр. кашкавал по избор
150-200 гр. шунка
200 гр. презла
оригано
домат

Подготовка:

Тиквичките исечете ги на широки ленти со дебелина од околу 3 мм. Ставете ги во тава за печење (може да биде обложена со хартија) на која претходно сте ставиле малку зејтин. Посолете и печете на 180 степени околу 15 минути.

По печењето, тиквичките валкајте ги во презлата во која претходно ќе го ставите ориганото. Кашкавалот и шунката исечете ги тенко на ленти и ставете врз тиквичката, па потоа завиткајте ролничка.

Во огроотпорен сад ставете зејтин и малку презла, а потоа наредете ги ролничките од тиквичка и одозгора ставете парче домат.

Печете на 180 степени околу 30 минути.

Добар апетит.

To top