Живот и Стил

Зошто целерот треба да се најде на вашата трпеза: Сите придобивки на овој зеленчук

Зошто целерот треба да се најде на вашата трпеза: Сите придобивки на овој зеленчук

Иако многу луѓе се муртат на спомнувањето на целерот, овој зеленчук е многу корисен за нашето здравје, па затоа повеќето се трудат да го стават во своите јадења и да го зготват до непрепознатливост, за барем на тој начин да го внесат во организмот.

Крцкав, зелен, без силен мирис, целерот станува се почеста состојка во смути или сервиран со хумус, како здрава ужина.

Сепак, малкумина се оние кои би го избегнувале толку многу ако знаат колку придобивки има за нашето здравје. Целерот помага во намалувањето на холестеролот, добар сојузник е во борбата против вишокот килограми, одличен е за детоксикација на организмот и дава добри резултати во намалувањето на крвниот притисок.

Овој зеленчук е полн со витамини А, Б, Ц и К и има многу калциум, магнезиум и калиум. Содржи и фитонутриенти, растителни хемикалии кои се користат за одбрана од штетните сончеви зраци. Фитонутриентите имаат антиинфламаторни и антиоксидантни својства.

Целерот има малку калории и е многу богат со влакна, што значи дека го потиснува гладот ​​– па помага во борбата против вишокот килограми. Со оглед на тоа што 95 проценти од него е вода, тој е одличен и за хидратација.

Има ниско ниво на киселост, па се препорачува за варење и стомачни проблеми. Некои студии покажуваат дека редовното консумирање целер го намалува холестеролот за седум проценти, а крвниот притисок за 18.

извор:попара.мк

To top