Продукцијата „Сцена“ го најави големиот славенички концерт на познатиот македонски рок бенд „Ареа“ кој ќе се одржи на 10 јуни на Ракометното игралиште во Битола. Но, тоа не е се! Продукцијата „Сцена“ подготвува двојна рокенрол забава. Истата вечер на истата сцена ќе гостува еден од најдобрите рок бендови во регионот – „Ван Гог“ од Србија.
Практично, овој концепт, кој обединува два култни рок бендови, во една вечер на иста сцена е ретка можност што не се пропушта!
„Набавете ги вашите билети навреме, бидејќи интересот е огромен“ – порачуваат организторите.