Радио Милева Ништо поубаво

„Ништо не може да те подготви за овој момент“: Водителката Анастасија со емотивна порака ја сподели првата фотографија од синчето (фото)

„Ништо не може да те подготви за овој момент“: Водителката Анастасија со емотивна порака ја сподели првата фотографија од синчето (фото)

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска пред неполн месец стана мајка по вторпат и на свет досесе машко бебе.

Поранешната уредничка на утринската програма на ТВ Алфа на свет го донесе синчето кое го доби името Раде, а убавата вест на социјалните мрежи тогаш ја сподели нејзиниот сопруг, Богдан Илиевски или попознат како Бетмен Велит.

И во текот на својата прва бременостАнастасија беше доста сликовита трудница во опишувањето на трудничките денови, а во исто темпо продолжи и со откривањето на своите емоции и од мајчинските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Сега откако се роди и Раде, таа продолжува во исто темпо на својот Инстаграм, па нејзините емоции не изостануваат ниту овој пат. Неодамна објави видео снимено во раните утрински часови од прозорот на приватната болница каде се породила и напиша:

-Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела. 27.04.2022Добредојде Раде, радост си. И веќе го правиш светот поубав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Денививе пак, Деа ја објави и првата фотографија од синко, повторно преплавена од силни мајчински чувства:

-Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер/ детенце од 21 месец. Исто така ништо не може да те подготви за моментот кога ќе ги видиш двете деца како мирно спијат, едното на твоја лева а другото на твоја дена страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

За потсетување, Анастасија и Богдан ја добија Дениција пред речиси две години, односно тие ќе го слават вториот роденден на наследничката во месец јули.

фото:Инстаграм/Анастасија Деа Богдановска

To top