Радио Милева песна за сите мајки

Ова е Стефаниа: Евровизиската победничка песна е посветена на оваа жена (ВИДЕО)

Ова е Стефаниа: Евровизиската победничка песна е посветена на оваа жена (ВИДЕО)

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на Евровизија во саботата со невидена поддршка од гласачи од цела Европа. Песната „Стефаниа“ со тоа стана најголемиот хит во Европа, а посебна димензија на песната ѝ даде тоа што е посветена на мајката на фронтменот на бендот Олег Псјук, Стефанија.

Стефанија на тој начин стана најпознатата мајка во Украина, а од самиот почеток го поддржуваше синот и неговиот бенд.

„Сите ја пеат нашата песна. Таа оригинално беше посветена на мојата мајка, по која и го доби името, но сега е песна за сите мајки“ – изјави Олег Псјук пред финалето на Евровизија.

Во песната се зборува за стареењето, а атмосферата е носталгична. Нараторот сфаќа колку мајката направила за него, тој е свесен за нејзините борби и за сето она низ кое поминала. На крајот од строфата се слуша и приспивна песна.

Членовите на групата претходно изјавија дека нивната песна „Стефаниа“ станала еден вид „украинска химна“.

Погледнете ја изјавата на Стефаниа – мајката на лидерот на „Калуш оркестра“, жената на која и е посветена и по чие име е насловена песната:

To top