Живот и Стил

Дневен хороскоп (13 мај 2022)

Дневен хороскоп (13 мај 2022)

Овен (21.03 – 20.04)

Ве притиска чувство кое не можете да го дефинирате. Загрижени сте околу некои понатамошни случувања на кои моментално можете да влијаете. Само полека. Се ќе решите во свое време. Вие сте знак на кој најважна му е деловната и материјалната позиција, а вас тоа најмногу ќе ве загрижува.

Бик (21.04 – 21.05)

Прво поведете сметка за тоа на кого и што му зборувате. Нешто што ќе го кажете во доверба кај лице кое го сметате за блиско ќе го слушнете кај многу лица. Ве загрижуваат финансиите, потребно е да си ги побарате парите назад од лицата на кои сте им ги позајмиле.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребно ви е малку време за себе, со цел да ги разгледате сите нешта кои се случија оваа недела. Размислете за се шти ви создало нервоза и елиминирајте го. Поправете ги грешките и продолжете гордо понатака.

Рак (22.06 – 22.07)

Прифатете нечија понуда да ви помогне. До вас ќе дојдат вести за некои случувања кои не сте можеле целосно да ги следите. Имате наклонетост кон личност на положба. За вас нема многу грижи. Старата љубов и понатака има некакво влијание врз вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Ситуацијата на деловна сцена се стабилизира. Имате повеќе време за дневни задоволства. Можете да напредувате или да започнете некој нов проект. Оние во врска нема баш најдобро да се разбираат со партнерот. Сепак ситуацијата ќе се смири на крајот.

Девица (23.08 – 22.09)

Притисокот ослабува и се поправаат односите со соработниците и шефовите, но би требало да избалансирате некои работи. Намалете ја импулсивноста и не прифаќајте се што ви се нуди.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес сте полни со оптимизам и енергија, речиси магнетски го привлекувате вниманието на околината, па бидете свесни дека ќе ве проценат и според зборовите и според делата. Партнерот ќе има интересни предлози за викендот кои и на вас многу ќе ви се допаднат.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Финансиите сериозно ви осцилираат во текот на овој период. Не ви се советува земање на кредит или поголеми заеми. Ќе бидете пријатно изненадени кога во прашање се парите, но ве очекуваат и некои непланирани трошоци. Ќе ве заинтересира некоја личност од работа.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Претходната недела бевте толку расеани и оптеретени со обврските па тешко дека денес ќе останете сконцентрирани. Подобро е се да запишете, сочувате и да се обидете подобро да се организирате. Потребна ви е поддршка од околината, па потпрете се на ветувањата кои некој претходно ви ги дал.

Јарец (22.12 – 20.01)

Крути сте во комуникацијата со колегите и шефовите. Тоа има корени во некои претходни лоши искуства. Немате причина за толку страв. На полето на љубовта слободните припадници ќе бидат отворени за нови познанства.

Водолија (21.01 – 19.02)

Во оваа недела доаѓате до израз и станувате брутално искрени. Многумина можеби ќе побегнат од вашето опкружување, но на вас ви е сеедно, што на ум – тоа на друм е ваша парола. Партнерот има перспективни цели, а вие не сте сигурни што тоа ќе донесе во вашиот однос.

Риби (20.02 – 20.03)

Полека сфаќате која е вашата позиција и кои се вашите потенцијали. Околностите на работа и понатака се нестабилни, но вие имате можност добро да се снајдете во гужва. Ова особено важи за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Време е да продолжите понатака на полето на љубота и да ја затворите вратата за едно лице.

извор:нетпрес.ком.мк

To top