Во екот на разводи и пукање на бракови, таа е една од познатите личности која успеа да го одржи својот брак.
Иако долго време не живее во Македонија, македонската фолкерка заедно со семејството доаѓа да го посети родниот крај.
Татјана Лазаревска долго време живее во Австралија заедно со својот сопруг Новица Лазаревски со кој стапи во брак во 2003 година и со кого има две деца.
Пејачката заедно со нејзиниот сопруг деновиве прославија 15 години од нивниот успешен и среќен брак. По тој повод, тие направија неколку фотографии кои Лазаревска ги објави на социјалните мрежи.
Освен новите тазе фотографии на кои сопружниците изгледаат како заљубени тинејџери, фолкерката сподели и фотографија од нивната свадба.
А и тоагаш љубониот пламен гореше како и денес.
фото: Фејсбук/татјаналазаревска