Радио Милева Пролетно освежување

Цеца Ражнатовиќ отиде на ремонт, а друштво и праваше оваа позната водителка (фото)

Цеца Ражнатовиќ отиде на ремонт, а друштво и праваше оваа позната водителка (фото)

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и водителката Душица Јаковљевиќ посетија една од клиниките во Белград за естетско разубавување.

Цеца и Душица со години нагласуваат дека не се противници на пластичните операции, а сега ги изненадија сите споделувајќи ги моментите пред разубавувањето.

– Дојдовме на ремонт! – изјави Цеца.
– Пролет, мал сервис – додаде Јаковљевиќ.
– Освежување! – додаде пејачката.
– Пролетно освежување! – низ смеа изјавила Душица.

Душица, инаку, неодамна зборуваше за корекциите кои ги направила, па истакна дека морала да направи некои промени поради работата.

– Работев на забите, устата и градите… Секоја жена се чувствува подобро кога ќе промени нешто на подобро. Денес имам многу повеќе самодоверба затоа што сум среќна со себе. Ако некој каже дека сум оперирана, нека биде. Не би можела да работам на телевизија доколку не исполнувам одредени критериуми – изјави неодамна водителката.

фото:Инстаграм принтскрин

To top