Српскиот историчар Видоје Ристовиќ почина на 44-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга, водителката Николина Пишек.
Веста за смртта ја шокираше јавноста. Видоје ненадејно починал околу полноќ, а Брзата помош можела само да констатира смрт.
– Видоје почина на маса за масажа, за време на масажата – изјавиле тие..
Само четири часа пред смртта, Ристовиќ на својот Инстаграм објави фотографија од својата ќерка од музејот.
„Крвта не е вода, љубопитно татино девојче… Ах, само кога излеговме“, напиша историчарот.
View this post on Instagram
Ристовиќ живеел и работел на релација Белград-Загреб. Николина и Видоје се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче на која и го дадоа името Уна Софија. Видое Ристовиќ завршил основно и средно училиште во Белград, а дипломирал историја на уметност. Потекнува од богато семејство.
фото:Инстаграм принтскрин