На сите лица кои планираат да забременат им се препорачува да го подготват телото за оваа состојба, но и да применат специјална диета пред и барем во првите неколку недели од бременоста.
Плодноста се зголемува главно со храна која е богата со витамин Б5, кој се наоѓа во печурките, мешунките, лососот, интегралниот ориз и цитрусното овошје.
Многу е важен и витаминот Б12 кој се наоѓа во храна од животинско потекло.
Драгоцени производи за двата пола се: мед, матичен млеч, бадеми и ореви.
За создавањето на полови хормони е потребен минералот манган кој го има во ананасот, целерот, оревите и зелениот лиснат зеленчук.