Радио Милева Пропадната љубов

Нина Бадриќ била во брак со овој милионер, тој сега има друга убавица, а пејачката се уште е сама (фото)

Нина Бадриќ била во брак со овој милионер, тој сега има друга убавица, а пејачката се уште е сама (фото)

Пејачката Нина Бадриќ беше во брак со милионерот Бернард Красниќ. Сепак, овој брак не успеа и покрај тоа како се чинеше, големата љубов на сега веќе поранешната брачна двојка.

Набргу по пропаѓањето на нивната љубов, поранешниот избраник на Нина повторно стапна на „лудиот камен“.

Имено, Бернард моментално е во брак со Латица Иванишевиќ за која велат дека е вистинска убавица.

Инаку, Нина и Красниќ беа во врска 12 години, а во 2003 година се верија во Дубровник, па се венчаа во 2006 година. Сепак, бракот беше осуден на љубовен бродолом, и покрај бројните шанси за негов опстанок.
Поранешните сопружници се разделија и секој тргна по својот пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Свадбата од бајките се одржа пред 180 гости, а Нина блесна во венчаницата. Во тоа време, луда од љубов, не ни помислила дека на љубовта ќе и дојде крајот по само три години.

И додека нејзиниот поранешен си најде жена, Нина се уште е сингл.

-Верувам во средба со двајца луѓе, во средба со некои сродни духови. Морам да признаам дека досега не сум го доживеала тоа, ниту една средба што би ме променила, би знаела дека тоа е тоа. Нешто што би ми било конечно, што само значи дека ќе го доживеам. Со нетрпение го чекам и на седумдесет години – своевремено проговори Нина Бадриќ за медиумите.

фото:Нина Бадриќ инстаграм/фејсбук Бернард Красниќ

To top